• Горан Упале
Кошаркарите на Денвер ја запишаа својата 35-та победа во сезоната во НБА лигата, против Мемфис (122-116), искупувајќи се за поразот од Кливленд во претходното коло, и на Ол-стар паузата заминаа со позитивно расположение и високо позиционирани на табелата во Западната конференција.
Нагетси одиграа рутински натпревар против Мемфис. Точно во согласност со општите очекувања од средбата во „Бол Арена“, односно во согласност со разликата во квалитетот и амбициите на овие два американски тима. А најзаслужен за тоа беше кој друг ако не Никола Јокиќ.
Српскиот ас одново блесна на паркетот, запиша нов „трипл-дабл“ со 26 поени, 15 скока и 11 асистенции. Кај Денвер одличен беше и Мареј со 23 поени, додека за поразениот тим 21 поен постигна Џексон.
Виктор Вамбањама и ДеАрон Фокс беа водечка сила на Сан Антонио Спарс во победата на гости кај Голден Стејт Вориорс од 113-126. Фокс беше прв стрелец со 27 поени и 8 асистенции, а Французинот забележа 29 поени, 9 скока и 4 асистенции. Кај домаќинот за кого одново не настани Стеф Кари, по 17 поени имаа Грин, Мелтон и Муди.
Голема гостинска победа забележа тимот на Лос Анџелес Клиперс, кој го надигра Хјустон Рокетс и славеше со 102-105. Ленард со 27 поени се истакна кај победничкиот тим, а за Хјустон на ниво беше Дурант со 21 поен.






