• Горан Упале

Во пресрет на крајот на трансфер-периодот пукна уште една „бомба“ во НБА лигата - Богдан Богдановиќ е трејдован од Аталанта Хоукс во Лос Анџелес Клиперс.
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација повторно ќе има можност да игра значајни натпревари, во екипа која се наоѓа во одлична позиција во Западната конференција.
Клиперси во спротивен правец ги испратија Теренс Ман и Бонс Хајланд во Атланта, а покрај Богдановиќ ќе „заработат“ и три пика од втората рунда.
Полека влегуваме во фотофинишот, на екипите во НБА лигата им остануваат уште само еден час за меѓусебна размена и потоа „завесата“ ќе се спушти за трејдовите за оваа сезона.