Нов скандал: Проневерени скоро четири милиони долари од позната НБА франшиза!

Поранешен висок функционер на НБА клубот Атланта Хоукс е обвинет дека проневерил повеќе од 3,8 милиони долари, користејќи службени картички и лажни фактури за лични трошоци.

Според обвинението, тој ги злоупотребувал средствата на клубот за луксузни патувања, купување брендирана облека и предмети, како и за други приватни потреби кои немале никаква врска со неговата службена функција.

Истражителите откриле дека преку фалсификувани сметки и лажни документи, осомничениот прикривал дел од трансакциите, прикажувајќи ги како деловни трошоци на клубот.

Клубот Атланта Хоукс досега не издаде официјално соопштение, но извори блиски до организацијата велат дека соработуваат со властите во деталната истрага.