• Саше Љолес

Легендарниот Леброн Џејмс испиша уште една славна страница во историјата на НБА лигата. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс стигна до бројката од 9.720 дефанзивни скокови, со што го мина на вечната листа славниот Хаким Олајџувон.
На Џејмс му беа потребни шест скока за да избие на седмото место, а пред него се Дирк Новицки, Роберт Периш, Двајт Хауард, Тим Данкан, Карл Мелоун и Кевин Гарнет.
Лејкерси го совладаа Бостон со 117-96 и ја остварија втората победа во низа, а вкупниот досегашен учинок сезонава изнесува 24 победи и 18 порази.