Нов рекорд во НБА: Договорот на Букер го мина и оној на Гилџес-Александер!

Кошаркарот на Феникс Санс, Девин Букер, потпиша нов договор со НБА франшизата и ќе се задржи во тимот уште најмалку две сезони, потврдија сите релевантни медиуми. 

Интересно е што договорот на Букер го руши неодамнешниот рекорд на Шеј Гилџес-Александер од Оклахома и ќе изнесува неверојатни 150 милиони долари, или 75 милиони по сезона!

Оваа сума е поголема од онаа на ѕвездата на Оклахома, која се согласи на заработка од 71,3 милиони годишно. Букер останува да го носи дресот на Феникс, каде настапува од 2015 година. 

ФОТО/PHOTO: Nba.com