• Иван Димовски
Постојат огромни шпекулации околу тоа дека клуб од Дубаи ќе се приклучи од Евролигата. Најавите беа различни, првично беше сè позитивно, а потоа се појавија и негативни информации според кои се „забранува“ клуб од Блискиот Исток би заиграл во европската елита.
Според шпанскиот портал „Енчестадо“, ситуацијата е во напредна фаза и в понеделник на 26 февруари клубовите од Евролигата ќе гласаат за влез на клуб од Дубаи. Информациите велат дека договорот би можел да биде во должина од седум години, меѓутоа прво треба тринаесетте клубови акционери да го прифатат предлогот кој носи финансиски придобивки.
Доколку се исполнат најавите, клубот од Дубаи не би заиграл директно во Евролигата, туку прво една сезона би настапувал во Еврокупот. Шпанците дури го изнесоа и ставот на клубовите акционери, Олимпијакос и Макаби се против, два клуба се воздржани, а останатите девет би прифатиле таков предлог.