ВИДЕО: Нов пораз за незаинтересираните Лејкерси, Торонто останува непоразен

ЛА Лејкерс

Фаворитот за титулата, Лос Анџелес Лејкерс, како да се опушти по обезбеденото прво место во Западната конференција и го запиша вториот пораз во низа. Овојпат подобра од кошаркарите на Френк Вогел беше екипата на Оклахома Сити Тандер (86-105).

  • Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома 86-105:

Леброн Џејмс постигна скромни 19 поени, а Ентони Дејвис играше незаинтересирано и запиша само девет поени. Тоа му овозможи на противникот полесно од очекуваното да стигне до победа. Ветеранот Крис Пол со 21 поен се истакна кај Оклахома која доби три од четирите четвртини во Орландо.

Дека е сериозен во намерата да го одбрани шампионскиот трофеј, Торонто покажа на мечот со Орландо (109-99) на кој стигна до третиот позитивен резултато по рестартот на сезоната.

  • Торонто - Орландо 109-99:

На тимот од Канада му беше потребно само едно полувреме за да го одлучи победникот. На пауза замина со +20 и потоа одигра рутински во остатокот од натпреварот. ВанФлит продолжи да реди одлични настапи и со 21 поен беше прво име кај Репторси.

Најубедливото издание вчера го имаше Бостон на мечот против Бруклин (149-115). Кошаркарите предводени од Бред Стивенс во сите четвртини постигнаа над 30 поени, а во последната експлодираа и му зададоа завршен удар на „мрежичките“ со 43 поени.

  • Бостон - Бруклин 149-115:

Седуммина во таборот на Селтикси завршија со двоцифрен учинок, а најефикасен од нив беше Џејлен Браун (21).