Нов пех за Индијана, уште еден кошаркар ја заврши сезоната поради иста повреда

Индијана Пејсерси добија нова лоша вест за долго отсуство во тимот. 

По Џејмс Вајзмен кој ја оперираше тетивата, долга пауза го очекува и Ајзеа Џексон. И за неговата повреда има лоши вести, тој ќе оди на операција и исто така ја заврши сезоната на самиот почеток. 

22-годишникот исто така ја повреди тетивата во дуелот против Њу Орлеанс по еден дуел со Инграм. Сезонава Џексон бележеше во просек по седум поени и 5,6 скока. 

По информациите за неговото отсуство се очекува Индијана да го разгледа пазарот и да се обиде да доведе замени.