Нов НБА играч во Евролигата, Реал Мадрид доби квалитетно засилување

Американскиот кошаркар Денис Смит Џуниор е нов кошаркар на Реал Мадрид, јавуваат шпанските медиуми. Овој трансфер беше најавуван во минатите денови, а „кралевите“ добиваат квалитетно засилување за остатокот од сезоната. 

Реал е во одлична серија од шест последователни победи во Евролигата, па затоа навивачите се возбудени и се надеваат дека тимот ќе биде уште посилен со доаѓањето на Смит, кој ќе го збогати ростерот во надворешните позиции. 

Кариерата ја започна во Далас Маверикс, каде пристигна како петти пик на драфтот, а својот квалитет го покажа уште во првата сезона кога просечно бележеше по 15 поени. Одличен е во одбраната, а во однос на поентерскиот учинок впишуваше 6,6 поени, 2,9 скока, 3,6 асистенции и 1,9 украдени топки. 

Последен клуб за кој настапуваше Смит е Милвоки Бакс, каде одигра 56 натпревари и добиваше скоро деветнаесет минути по натпревар.