• Горан Упале

Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс на домашен терен со 118-107 и поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата.
Селтикси беа ослабени со неиграњето на Маркус Смарт и Ал Хорфорд, но и покрај тоа одиграа одлично прво полувреме, во кое достигнаа позитива од 13 поени, а на големата пауза заминаа со осум поени предност.
Сепак, по одморот следеше фуриозна трета четвртина Мајами, која домашните ја добија со 39-14 и со тоа го решија прашањето за победникот. Џими Батлер блескаше, како и многу пати во текот на овој плеј-оф, постигнувајќи 41 поен, од кои 27 во вториот дел. Запиша уште девет скока, пет асистенции и четири украдени топки.
Покрај него се истакнаа Тајлер Хиро со 18 поени, осум скока и три асистенции, и Гејб Винсент со 17 поени. Кај Селтикси најефикасен беше Џејсон Тејтум со 29 поени, осум скока и шест асистенции. Вториот натпревар се игра исто така во Мајами, в четврток кон петок од 02.30 часот по средноевропско време.