Нов мега-трејд во НБА: Дејвис доаѓа во Голден Стејт

Екипата на Голден Стејт има моќен тим и со 4-0 во финалето го „збриша“ Кливленд, но управата нема тука да застане и во својот ростер ќе се обиде да донесе уште една мега-ѕвезда - Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

Дејвис имаше нова одлична сезона во дресот на НБА-тимот и ова лето би можел да менува тим кој ќе му одговара согласно со амбициите. Една од опциите е и Голден Стејт, од каде се подготвени на мега-трејд.

„Воините“ ќе ги понудат Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин, за да ги убедат „пеликаните“ да ја прифатат понудата за својот најдобар кошаркар. 

Дејвис во регуларниот дел од сезоната одигра 36,4 минути по меч, за кои во просек даде 28.1 поени, 11,1 скока, 2,3 асистенции, 2,6 блокови и 1,5 украдени топки.