Нов кандидат: Темелковски во борба со Антиќ за прв човек на МКФ!

Владимир Темелковски, актуелниот спортски директор во Македонската кошаркарска федерација (МКФ), најави дека ќе се кандидира во иднина да ја води „куќата на кошарката“.

Првиот човек на МКФ, Петар Наумоски, по крајот на мандатот многу веројатно ќе си замине од претседателското столче, а Владимир Темелковски, син на некогашниот претседател Зоре Темелковски, најави кандидатура за негов наследник.

„Треба да учиме од поуспешните, а примерот на Словенечката кошаркарска федерација и на актуелната Ракометна федерација на Македонија, ни кажува дека време е кошарката да биде организирана и менаџирана од луѓе што ќе обезбедат подобри услови и можности на клубовите. За да бидеш добар претседател, не е предуслови да си бил добар кошаркар или тренер. Предуслов е да имаш визија, концепт и тим којшто ќе ѝ обезбеди на кошарката посветла иднина“, ни изјави Темелковски.

Кандидатот за претседател веќе ги собрал потребните потписи за да влезе во трка за „жешкото столче“.

>>> Перо Антиќ: Ќе се кандидирам за претседателската функција на МКФ!

Веќе претходно, претседателски амбиции најави и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ.