Нов хаос во НБА: Мичел и Брукс влегоа во жесток клинч (ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс славеа во натпреварот со Мемфис Гризлис (128-113), а натпреварот го одбележа еден неспротски инцидент. 

Имено, првата ѕвезда на домашните Донован Мичел потпадна на провокација и влезе во жесток клинч со Дилон Брукс. По еден дуел, Брукс се обиде да го задржи противникот, а овој испровоциран фрли со топка кон него. Веднаш потоа Мичел се залета кон Брукс и тие влегоа во судир во кој си разменија удари. 

Мешаницата под кошот брзо беше расчистена и двајцата кошаркари беа исклучени на средината на третата четвртина.