Нов голем удар за Фенер, сериозно се повреди Девон Хол

Шарунас Јасикевичиус се соочува со голем проблем пред најгустиот дел од сезоната во турската Суперлига и Евролигата. 

Фенербахче скапо ја плати победата над Баерн Минхен во деветтото коло од Евролигата. Тимот од Истанбул подолг период ќе биде без услугите на Девон Хол, кој заработи тешка повреда на раката.

Американецот ја скршил метатарзалната коска и ќе мора да оди на операција. Хол во Фенербахче дојде од Олимпија Милано на почетокот на оваа сезона. Тој има просек од 7,7 поени, 1,8 скока и 3,7 асистенции.

Во првото коло од Евролигата се повреди и Скоти Вилбекин. Американецот ги скина лигаментите поради што ја заврши сезоната.