ВИДЕО: Нов генијален потег на Теодосиќ со кој го доведе во заблуда својот чувар

И на 34 години Милош Теодосиќ продолжува со своите магии на кошаркарскиот паркет. Еден од најдобрите плејмејкери со историјата на српската кошарка, моментално настапува за Виртус Болоња, а на натпреварот против Тренто од „ракав“ извади нова атракција која експресно стана хит на Интернет.

При една соло акција, Теодосиќ на интересен начин го доведе во заблуда својот чувар, откако ја „прошета“ топката зад неговиот грб, а потоа додаде до Пајола, кој реализира за три поени. 

  • Атрактицијата на Теодосиќ против Тренто:

Инаку, Болоња го загуби овој дуел со 83-91, а Теодосиќ реализира 15 поени, а имаше и 2 скока и 11 асистенции.