Нов Французин во Фенер, Обрадовиќ го договори и Лео Вестерман

Откако ја загуби титулата во турската Суперлига, кошаркарската секција на Фенербахче се фрли на работа на пазарот и доведе неколку големи засилувања. Обрадовиќ како да се концентрира на францускиот пазар, и по Нандо Де Коло, доведе уште еден кошаркар од оваа земја.

Лео Вестерман го напушти Жалгирис и се обврза на двегодишен договор со Фенер. Тој се поздрави со Јасикевичиус и соиграчите и наскоро неговиот трансфер ќе стане официјален. Литванскиот шампион веќе ја пронајде неговата замена и го доведе Мексиканецот Алекс Перез од Банвит.

26-годишниот Вестерман во татковината ги носеше дресовите на Асвел, Лимож, а настапуваше низ Европа и за Партизан, ЦСКА Москва и Жалгирис.