• Иван Димовски
По крајот на Мундобаскетот и освоеното светско злато на Германија, ФИБА ја формира новата ранг-листа на репрезентациите.
На првото место се вратија Соединетите Американски Држави. Иако не забележаа посакуван успех и останаа без медал, Американците ги надминаа Шпанците по бројот на поени. Пробив од осум позиции, поточно до третото место забележа новиот светски првак Германија.
На четвртото место падна Австралија, која има само 0,2 поени повеќе од финалистот Србија на петтото. Во топ десет се пробија Канада (шеста) и Летонија (осма), а тука се уште Аргентина (седма), Франција и Литванија. Словенците пак, паднаа надвор од најдобрите десет на светот, заедно со Италијанците и Грците. Македонската кошаркарска репрезентација во моментов се наоѓа на 53. место на светската листа.