Нов договор за Американецот кој го одведе Хапоел Тел Авив во Евролигата

Американецот Антонио Блекни го продолжи договорот со Хапоел Тел Авив и следната сезона повторно ќе биде еден од предводниците на тимот кој обезбеди учество во Евролигата. 

Шутерот се покажа како одлична аквизиција за Израелците и сезонава во Еврокупот бележеше просек од 13,4 поени и 2,8 скокови, а сега добива нова двегодишна соработка и зголемување на примањата. 

Хапоел дополнително ќе го засилува тимот за настапот во Евролигата, но Блекни сигурно ќе остане да биде една од најважните алки во ротацијата. Најголем блесок сезонава имаше во финалната серија против Гран Канарија, кога постигна 27 поени во одлучувачкиот натпревар за титулата. 

Фото/Foto: Yehuda Halickman