• Саше Љолес
Кошаркарскиот клуб Будуќност продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а една од најважните вести е продолжувањето на соработката со американскиот плејмејкер Jоги Ферел. Искусниот организатор на играта и следната сезона ќе го носи дресот на клубот од Подгорица.
Дополнителна добра вест за Будуќност е што Ферел во меѓувреме доби и црногорско државјанство, што може да има значајна улога во составувањето на тимот за претстојната натпреварувачка година.
Покрај Ферел, во клубот остануваат и Олександр Ковљар, Флечер Меги, Аксел Бутеј и Џери Буцијел, кои ќе претставуваат важен дел од костурот на екипата. Од друга страна, Будуќност веќе се раздели со Рашид Сулејмон, Скајлер Мејс и Дариус Томпсон, додека неизвесна е иднината на Ѓорѓије Јовановиќ и Никола Танасковиќ.
Будуќност минатата сезона стигна до полуфиналето на АБА лигата, а со задржувањето на Ферел управата јасно покажува дека и наредната сезона ќе има високи амбиции во регионалното натпреварување.


