Црвена Звезда доведе крило со преку 300 натпревари во НБА

Семи Оџелеј е ново засилување на Црвена Звезда, потврдија од клубот. 

Американецот со нигериско потекло доаѓа од редовите на Валенсија, каде што настапуваше во изминатите две сезони, а претходно ги носеше дресовите на Виртус Болоња, како и на НБА екипите Бостон Селтикс, Милвоки Бакс и ЛА Клиперс. Во последната сезона на Еврокупот, Оџелеј имаше просек од 11,4 поени и 3,5 скока, со што беше еден од најистакнатите поединци на шпанскиот тим.

„Црвено-белите“ и минатото лето беа заинтересирани за негов ангажман, но тогаш се врати Никола Калиниќ, па трансферот не се реализираше.

Покрај Оџелеј, Црвена Звезда досега ги доведе и Чима Монеке од Басконија, како и Ебука Изунду од Галатасарај.