ВИДЕО: Нов дебакл на Американците, австралиска лекција во Лас Вегас

Само неколку дена по поразот од Нигерија во пријателски натпревар, американската кошаркарска репрезентација претрпе уште едно разочарување во подготовките за Летните Олимписки Игри во Токио. Имено, тимот сочинуван од НБА ѕвезди, во Лас Вегас загуби од  Австралија со 83-91.

Пети Милс со 22 и Џо Инглс со 17 поени беа најзаслужни за австралиската победа, а Лилард со 22 и Кевин Дурант со 17 поени се истакнаа кај Американците.

  • САД - Австралија 83-91:

Првпат откако професионалци од НБА лигата играат за репрезентацијата, Американците двапати загубија, со што е вклучен алармот во јавноста и кај селекторот Грег Поповиќ.

Нигеријците покажаа моќ и во вториот тест и ја декласираа Аргентина со 94-71.