Нов датум како опција за старт на НБА сезоната

НБА

Последните најави од Соединетите Американски Држави носат информација околу потенцијалниот почеток на новата сезона во НБА лигата.

Периодот околу Божиќ, односно 25 декември, отпадна како алтернатива, па сега се споменува 18 јануари како денот кога ќе започнат возбудувањата во најсилната лига на светот. Тоа е денот кога се слави името и делата на Мартин Лутер Кинг и е национален празник во САД.

Остануваат уште неколку дилеми кои ќе мора допрва да се одлучуваат. Засега не се знае дали ќе се играат 82 натпревари или сезоната приморано ќе биде скратена. Очекувањата кај челниците на лигата се дека сезоната 2021/22 ќе започне во редовниот термин во октомври.

Потврдено е дека овогодишниот драфт ќе се одржи на 18 ноември по виртуелен пат. Како што ќе одминува времето ќе бидат познати деталите околу организацијата на натпреварите во новата сезона.