Нов бран заразени во НБА лигата: ДеАндре Џордан нема да игра во Орландо

Џордан

Екипата на Бруклин Нетс нема да може да смета на својот најдобар центар ДеАндре Џордан за продолжението од сезоната во Орландо.

31-годишникот вчера соопшти дека добил позитивни резултати на коронавирусот. Тоа ќе го натера да остане во изолација, а поради страв од можни последици за своето семејство, тој одлучи да не ја доигрува тековната сезона.

Кошаркарите на Бруклин се уште не започнале со тимски тренинзи. Засега ги почитуваат препораките и внимателно го очекуваа крајот на јули, кога ќе започнат натпреварите на Флорида.

НБА лигата планира да ја доигра сезоната, но доколку се појави позитивен случај во Орландо, ситуацијата драстично би можела да се промени.

Идентична информација сподели и неговиот соиграч Спенсер Динвиди.