ВИДЕО: Нов блескав меч на Јокиќ, Денвер во Детроит се врати на победите

Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа победа по пауза од четири натпревари во НБА лигата, откако се радуваа на гостувањето кај Детроит Пистонс (100-119). Одново најдобар на паркетот за Нагетси беше српскиот центар Никола Јокиќ, водејќи ја екипата до убедлив триумф во „Литл Каесарс Арена“

Детроит солидно парираше низ текот на првите три четвртини на натпреварот, меѓутоа во последната доживеа колапс. По 91-91, домаќините дозволија серија од 28-9 до завршувањето на натпреварот, а токму таа серија беше клучна за високиот пораз. Јокиќ беше на чекор на нов „трипл-дабл“ со 30 поени, 10 скока и девет асистенции, а му помогна Колдвел-Поуп со 20 поени, исто колку што уфрли и МекГрудер од Пистонси. 

На останатите терени Милвоки дома доживеа пораз од Индијана (123-139), Сакраменто се радуваше во Бруклин (96-101), Торонто беше подобар од Оклахома (128-111), а Феникс минимално го совлада Орландо (116-113).