ВИДЕО: Нов блескав меч на Јокиќ, чудесниот Кари го наполни кошот на Милвоки

Никола Јокиќ повторно одигра фантастична партија во НБА лигата. Српскиот центар кој оваа сезона игра во животна форма, во одведе својот Денвер Натегс до нова значајна победа во најмоќната кошаркарска лига на светот, овој пат над Детроит Пистонс со убедливи 134-119.

Јокиќ за 27 минути минати на паркетот беше многу блиску до нов „трипл-дабл“, затоа што постигна 27 поени, а имаше уште 11 асистенции и осум скока. Одлична поддршка доби од Портер, кој запиша 25 поени и седум скокови, додека кај Пистонси најпрецизен беше Бартон со 24 поени. 

Стеф Кари до врв го наполни кошот на Милвоки Бакс и донесе голема победа на својот Голден Стејт Вориорс од минимални 122-121. Чудесниот плејмејкер, за кого излегоа шпекулации дека во иднина ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс, натпреварот го заврши со 41 поен, шест скока и четири асистенции. Кај поразениот тим се истакнаа Холидеј со 29 и Мидлтон кој имаше еден помалку. 

Значајна победа запиша и шампионот Лос Анџелес Лејкерс, кој на погонот на Хортон и Морис славеше над еден од најдобрите тимови од Истокот, Торонто Репторс.

На останатите натпревари, Чикаго беше поуспешен на гости кај Индијана, Атланта славеше над Њу Орлеанс, а Мајами Хит загуби на свој терен од Мемфис.