• Мартин Танасковски
Екипата на Пелистер продолжува да се екипира за следната сезона и потпиша договор со Кристијан Килинг, Американец кој изминатите сезони ги мина во европската кошарка.
Килинг е бек роден во 1998 година, а во европската кошарка играше во Велика Британија, Грузија, Финска и Данска. Последната сезона шутерот ја мина во екипата на Хорсенс, за која одигра 16 меча, а во просек мина 29,7 минути на теренот.
Статистиката е одлична, 14,7 поени по меч со реализација од 56% за два, а 36,2% за три, со уште 4,3 скока и 2,3 асистенции по меч. Најдобрата партија му беше против Наествед, тим против кој постигна 34 поени.
Кристијан Килинг ќе биде четвртиот Американец во таборот на „зелените“ за новата сезона, откако претходно пристигнаа Ренди Брумант, Малком Бернард и Кристијан Банди од САД. Исто така, Пелистер потпиша и со Александар Костоски, Амар Хот и Лука Стојановски.