Нов Американец го засилува ростерот на Гостивар во битките за спас

Екипата на Гостивар договори ново име за продолжението од сезоната и потпиша договор со Американецот Леонард Диксон.

Се работи за кошаркар роден во 1999 година, бек, кој последните настапи ги имаше во тимот на Кеила Кулбет од Естонија. Се работи за играч кој е во европската кошарка од 2023 година.

Покрај во Естонија, Диксон настапуваше и во Азербејџан каде го носеше дресот на Сумгајит, а претходно беше дел од клубови од САД.

Гостивар во пролетниот дел влегува со желба за опстанок во Првата лига. Под водство на тренерот Петровиќ, потребни се бодови за такво нешто затоа што тимот е претпоследен во Суперлигата со скор 2-9.