Нов АБА-дебакл на металците, Морнар слави со 31 разлика

Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз ја завршија сезоната во АБА лигата, откако во Црна Гора загубија од Морнар со 106-75. Екипата од Аеродром ја водеше Кочов, откако заради лични причини овој викенд Луковиќ мораше да се врати во Србија.

Металците како со мислите да беа на дуелот со Фени Индустри во вторник или уште повеќе во „вечното дерби“ следниот викенд. Благодарение на одличниот прв период и мајсториите на Павиќ и Врањеш, црногорскиот претставник поведе со +14. Лалиќ беше единствен кој им парираше на кошаркарите на Морнар и предноста ја намали на -8.

Но, подобрата колективна игра на Морнар го врати домашниот спокој и воочи последниот период МЗТ Скопје заостануваше со високи 21 поен разлика. Последните десет минути беа само формалност, ниту резервистите на МЗТ Скопје не донесоа промени и Морнар извојува победа од 105-72. 

Најефикасни поединци во тимот на МЗТ Скопје беа Симоновски со 27 и Лалиќ со 22 поени, а кај Морнар се истакнаа Павиќ со 25 и Рејли-Рос со 15 поени.