ВИДЕО: Ноќта пред клучниот меч за ОИ, двајца хрватски кошаркари се тепаа во ноќен клуб

Хрватските кошаркари Дарио Шариќ и Ивица Зубац се најдоа во центарот на скандал за време на престојот во Атина, каде што репрезентацијата на Хрватска играше квалификациски турнир за Олимписките игри. 

Двајцата кошаркари беа излезени во ноќен клуб ноќта пред финалето против Грција, а се појави снимка во која имаат физички судир. За турканицата да не стане хаос се погрижи обезбедувањето. 

Инаку, ден подоцна Хрватите загубија со 80-69 од Грција и останаа без пласман на Олимписките игри во Париз. Зубав и Шариќ и покрај бурната ноќ имаа по „дабл-дабл“ учинок.