Ноќ за паметење: Шутираше само тројки и испиша НБА-рекорд

Кошаркарите на Мемфис Гризлис го победија Хјустон Рокерс со 151-114, а овој натпревар покрај враќањето на Џа Морант на паркетот го одбележа и Лук Кенард.

Играчот имаше ноќ за паметење затоа што беше најефикасен со 30 поени, а она на кое посебно му се даде внимание е фактот дека шутираше само тројки. Кенард имаше 11 обиди за три, а погоди десет од нив.

Така тој го урна рекордот на франшизата по број на погодени тројки на еден меч, а стана и првиот играч во НБА кој дал десет или повеќе тројки со процент на шут од 90%.

Со победата над Хјустон, тимот на Мемфис и официјално обезбеди место во плеј-офот.