• Мартин Танасковски
Шпанска Валенсија испиша историја во Евролигата и за првпат се пласираше на Фајнал-фор турнирот, откако направи неверојатен пресврт против Панатинаикос. Во решавачката „мајсторка“, Валенсија доминираше и славеше со убедливи 81-64 против далеку поскапиот состав.
Шпанскиот тим ја сврте серијата од 0-2 на 3-2, и тоа по најтешкиот можен пат откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен. Со тоа, Валенсија стана првиот тим по Реал Мадрид во 2023 година против Партизан што успеал да се врати од 0-2 и да ја добие серијата.
Дополнителен удар за „зелените“ е фактот што завршниот турнир ќе се игра токму во Атина, пред нивните навивачи. Во полуфиналето на Фајнал-фор турнирот, Валенсија ќе се соочи со Реал Мадрид, додека во второто полуфинале ќе играат Фенербахче и Олимпијакос.

