Ноќ за паметење: Јанис со нов рекорд го мина славниот Карим Абдул Џабар

Јанис Адетокумбо долго ќе го памети натпреварот од НБА лигата против Сан Антонио. Неговиот тим победи со конечни 121-105, а грчкиот репрезентативец забележа нов „дабл-дабл“, вкупно 432. во дресот на Милвоки, минувајќи го на вечната листа легендарниот Карим Абдул Џабар. 

Адетокумбо забележа 25 поени и 16 скокови за вкупно 35 минути на паркетот. Милвоки во моментов има скор од деветнаесет победи и шеснаесет порази, доволни за петтото место во источната конференција. 

Сезонава просечниот учинок на Гркот изнесува 31,1 поен, 11,9 скока и 6,3 асситенции.