Ноќ на кариерата: Грузиец одигра перфектно и влезе во историјата на НБА (ВИДЕО)

Грузискиот кошаркар Сандро Мамукелашвили ја одбележа минатата ноќ во НБА лигата. 

Асот на Сан Антонио Спарс во победата над Њујорк Никс (120-105) беше клучен во својот тим и покрај тоа што одигра само 19 минути. Грузиецот го заврши мечот со огромни 34 поени и испиша историја во лигата. 

Имено, Мамукелашвили стана прв кошаркар кој стигнал до 34 поени со помалку од 20 минути на паркетот. Тој имаше речиси перфектен меч, бидејќи погоди 13 шута од 14 обиди со вртоглави седум од седум за три поени. 

Интересно е дека до натпреварот со Никси рекордот на сезоната за Мамукелашвили беше 13 поени.