„Нокаут“ за Порзингис: Летонецот пушти и крв откако доби лакт в чело (ВИДЕО)

Бостон Селтикси вторпат го победија Орландо и со двојна предност патуваат на гостувањата во осминафиналето во НБА лигата. 

На вториот меч во „ТД Гарден“ вистински нокаут доби Криштапс Порзингис. Летонскиот центар во борба за топка доби лакт директно в чело од Гога Битадѕе. Иако немаше намера, Порзингис сериозно настрада од ударот и имаше многу крв. 

Откако повредата беше санирана Криштапс Порзингис се врати на паркетот во последната четвртина. Тој потег наиде на поддршка пред полната сала.

Најнови вести од
НБА, САД