Њујорк Никс петта година по ред највредна НБА-франшиза

Можеби резултатите не се сјајни, но брендот Њујорк Никс никогаш не бил помоќен на американскиот континент. Петта година по ред Њујорк е најскапиот од НБА клуб според „Форбс“. Франшизата вреди 4,6 милијарди американски долари и повредна е од Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт.

Најскапи НБА клубови:
1. Њујорк – 4,6 милијарди долари
2. Лос Анџелес лејкерс – 4,4 милијарди
3. Голден Стејт – 4,3 милијарди
4. Чикаго – 3,2 милијарди
5. Бостон – 3,1 милијарди
6. ЛА клиперс – 2,6 милијарди
7. Бруклин – 2,5 милијарди
8. Хјустон – 2,475 милијарди
9. Далас – 2,4 милијарди
10. Торонто – 2,1 милијарди

Вредноста на клубовите во НБА лигата се зголеми во споредба со изминатата година за 14%, достигнувајќи во просек 2,12 милијарди долари.