Њујорк Никс го краде „откритието“ на Далас Маверикс

Бронсон

Џејлен Бронсон се очекува да добие богат договор за да ја продолжи кариерата во екипата на Њујорк Никс.

Еден од најдобрите поединци во изминатиот плеј-оф за Далас Маверикс прикажа одлични игри. Со тоа го заслужи интересот од неколку франшизи, а изгледа дека победник во трката е тимот од „Медисон Сквер Гарден“.

Никси ќе го ангажираат плејмејкерот со четиригодишен договор. Во тој период 25-годишникот ќе инкасира 110 милиони долари.

Бронсон беше драфтуван од Далас и го помина изминатите четири години во дресот на екипата од Тексас.