Њујорк ја освои титулата, но направи и историски подвиг во НБА лигата!

Њујорк Никс испишаа ново поглавје во НБА лигата, освојувајќи ја својата прва шампионска титула по 53 години, откако со 4-1 во серијата ги совладаа Сан Антонио Спарс во големото финале.

Она што го прави овој успех уште повпечатлив е фактот што Никс во сите четири свои победи во финалната серија се враќаа од двоцифрена негатива. Круна на нивната неверојатна борбеност беше четвртиот натпревар, во кој надополнија минус 29 поени - најголемиот пресврт во историјата на НБА финалињата.

Во решавачкиот петти натпревар, тимот од „големото јаболко“ повторно покажа шампионски карактер. Иако во текот на мечот заостануваше со двоцифрена разлика, предводен од фантастичниот Џејлен Брансон, кој постигна 45 поени, Њујорк направи нов пресврт и славеше со 94-90 за конечна победа во серијата. Брансон сосема заслужено беше прогласен за МВП на финалето.

За навивачите на Никс ова е момент кој се чекаше повеќе од половина век. Последниот шампионски прстен клубот го освои во 1973 година, а сега генерацијата предводена од Брансон успеа да ја прекине една од најдолгите шампионски „суши“ во американскиот спорт.

Никс не само што ја освоија титулата, туку го направија тоа на начин кој ќе остане запаметен како пример за истрајност, карактер и верба до последната секунда.