Њујорк го брани тронот, познато е кога започнува новата НБА сезона!

Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 20 октомври, а првиот натпревар ќе го одиграат Детроит Пистонс и Бостон Селтикс, соопштија челните лица на натпреварувањето. 

На програмата за првиот ден се уште два атрактивни дуели. Њујорк Никс, актуелниот шампион, ќе ја пречека Филаделфија, додека Оклахома Сити Тандер ќе гостува кај Сан Антонио Спарс.

Посебно внимание ќе привлече дуелот во Њујорк, каде што Никс ќе го прослават шампионскиот трофеј пред своите навивачи, пред натпреварот со Филаделфија.

НБА лигата најави дека комплетниот распоред за сезоната 2026/27 ќе биде објавен дополнително, а првите натпревари веќе ветуваат спектакуларен старт на новата сезона.