Њујорк ги задржува најдобрите, нов договор за Микал Бриџис

Американскиот кошаркар Микал Бриџис го продолжи договорот со екипата на Њујорк Никс, а новата соработка ќе биде со вредност од 150 милиони евра. 

Во договорот е вклучено и зголемување на заработката во случај да биде трејдуван, но тоа може да се случи најрано шест месеци по ставањето на потписот. 

Медиумите во Соединетите Американски Држави пишуваат дека Бриџис се согласил на помал договор за да му даде можност на клубот да состави што подобар тим за следната сезона. Актуелниот ростер на Њујорк стигна до финалето на источната конференција, првпат после 25 години, а Бриџис беше меѓу најзаслужните за успехот. 

Минатата сезона просечно постигнуваше по 17,2 поени, кои ги надополнуваше со 3,4 скока и 3,6 асистенции по натпревар. 

ФОТО/PHOTO: New York Knicks/Facebook