Њу Орлеанс потпиша со Џалил Окафор

Екипата на Њу Орлеанс Пеликанс донесе ново име во своите редови и го договори Џалил Окафор.

Третиот пик на драфтот во 2015 година во редовите на Њу Орлеанс доаѓа од Бруклин Нетс. Претходно, центарот играше и за Филаделфија, што значи дека „пеликаните“ ќе бидат трет тим за него во нешто повеќе од една година.

Окафор, кој има 22 години, во тимот ќе биде од голема помош, како замена за Демаркус Казинс кој замина во Голден Стејт.

Во Филаделфија, Американецот забележа просек од 17,5 поени и 7 скока по натпревар, додека во Бруклин Нетс имаше лимитирана минутажа и во просек даде 6,4 поени по меч.

Најнови вести од
НБА, САД