Њу Орлеанс победи на лотаријата и најверојатно ќе се засили со Зион

Њу Орлеанс

Вчера се одржа лотаријата за НБА драфтот и истата донесе голема радост за екипата на Њу Орлеанс Пеликанс.

Иако имаше мали шанси, тимот во кој што прва ѕвезда е Ентони Дејвис, го доби првиот пик и тоа пред Мемфис, кој ќе бира втор, и Њујорк, кој е најголем губитник во целата ситуација.

Лејкерси ќе бираат четврти, па следуваат Кливленд, Феникс, Чикаго и Атланта.

Голем фаворит да биде избран како прв пик е Зион Вилијамсон, кој е најголемата кошаркарска надеж во САД по Леброн Џејмс. 

Во универзитетот Дјук постигнуваше 22,6 поени и девет скока, а импресионира со своите неверојатни физички квалитети. Висок е скоро два метра и тежи над 130 килограми.

Драфтот е закажан за 20 јуни и ќе се одржи во Бруклин.