ВИДЕО: Њу Орлеанс ја доби драмата со Мемфис. Оклахома го освои Кливленд

Изминатата ноќ донесе извонредни НБА натпревари со високи резултати, убедливи победи и неизвесни завршници низ салите ширум Соединетите Американски Држави.

Најголемиот трилер се одигра во Мемфис, каде што Њу Орлеанс Пеликанс по продолжение стигнаа до драматична победа над Мемфис Гризлис со 135-134. Зион Вилијамсон и Карло Матковиќ постигнаа по 25 поени за победичкиот тим, додека на спротивната страна одличната партија на Тај Џером од 40 поени не беше доволна за Мемфис да извлече победа.

Оклахома Сити Тандер оствари значајна победа на гостувањето кај Кливленд Кавалирс со 112-117, благодарение на спектакуларната партија на Шеј Гилџес-Александер кој постигна 43 поени. Во меѓувреме, Детроит Пистонс го демолираа Шарлот Хорнетс со дури 33 поени разлика (124-91), предводени од Кејд Канингем кој забележа 33 поени и 7 асистенции.