ВИДЕО: Ниту рекордот на „Ентмен“ не беше доволен за победа над Вембањама и Спарси

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс загубија на гостувањето кај Сан Антонио Спарси (126-123) во НБА лигата. Не беше доволна ниту рекордната партија во кариерата на Ентони Едвардс, кој мечот го заврши со 55 поени за позитивен резултат во Сан Антонио. Виктор Вембањама на спротивната страна исто така беше одличен, бидејќи за половина час на паркетот уфрли 39 поени и ги водеше Спарси до победата, а од голема помош му беше Деандре Фокс со 25. 

Лос Анџелес Лејкерси загубија на гостувањето кај Портланд Треил Блејзерс (132-116). На оваа средба „езерџиите“ беа без повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс, па на крајот убедливо беа поразени. Со по 25 поени најефикасни на средбата беа Шарпи од Портланд и Смарт од таборот на Лејкерси. 

  • Портланд Треил Блејзерс - ЛА Лејкерс:

На останатите терени победи забележаа Бостон, Детроит, Феникс, Мајами, Голден Стејт и Денвер.