Ниту пад, ниту напредок: Македонија остана на истата позиција во новиот ранкинг на ФИБА

И покрај победата над Косово во претпоследното коло од втората квалификациска фаза за ЕУРО 2021, македонската кошаркарска репрезентација не забележа ниту пад, ниту напредок на последната ранг-листа на ФИБА. 

Нашите кошаркари останаа 40-та светска сила, односно 22-ра европска со вкупен број на поени од 248. Нашиот следен противник во претквалификациите, Романија запиша пад од две места и сега е на 61. место во светот, односно 32. во Европа.

Со победата над Косово во Гевгелија, Македонија ги собра потребните два бода за да остане на лидерската позиција на табелата во групата Б и е блиску до пласман во следната фаза во борбата за местата кои водат на континенталниот собир. До крајот има уште еден меч, против Романија, кој дури и да се загуби, поразот не треба да биде со повисока разлика од 14 поени.