ВИДЕО: Ниту Леброн не му може ништо - тројка на Дончиќ за молк во „Стејплс Центар“

Дончиќ Леброн

Најголемата сензација во новата НБА сезона е Лука Дончиќ. Никој не очекуваше вакви бројки од младиот Словенец во неговата втора сезона во САД.

Благодарение на него Далас има скор кој го води во плеј-офот, иако е рано да се зборува за доигрувањето. Вчера 20-годишникот приреди нов кошаркарски рецитал и тоа среде Лос Анџелес, во домот на големиот Леброн Џејмс.

Токму во директниот дуел со „кралот“, Дончиќ стави точка на победата и крај на сите надежи на „езерџиите“. Во свој препознатлив стил погоди тројка и ја замолкна публиката во „Стејплс Центар“.

Словенечкиот кошаркар ја заврши средбата со 27 поени, десет асистенции и девет скока.