Ниту Кина немаше сили, Американките ја продолжија доминацијата и останаа светски шампионки

Кошаркарките на Соединетите Американски Држави без многу проблеми стигнаа до ново големо славје и по четврти пат по ред ја освоија титулата светски првак. Американките очекувано и во финалето ја продолжија доминацијата што ја демонстрираа уште од првиот меч на Мундобаскетот и доста убедливо ја совладаа Кина - 83-61 (18-13, 25-20, 25-14, 15-14).

Кина одигра прилично солидно во првите десет минути и покрај тоа што не можеше да смета на својот најдобар стрелец Ли Менг, која поради висока температура не можеше да игра во финалето. 

Се чинеше дека кинеските кошаркарки нема лесно да се откажат ниту во текот на втората четвртина, но во третата сè беше решено. Американките во овој дел од играта го спуштија ривалот на само 14 постигнати поени и во решавачките десет минути влегоа со комотни +21.

Во продолжение сè беше чиста рутина само се чекаше со колку разлика Соединетите Американски Држави ќе го освои својот единаесетти трофеј од Светските шампионати. Кај старо-новите шампиони, Аија Вилсон (МВП на турнирот) беше најефикасна со 19 поени, Келси Плам даде два помалку, Џевел Лојд постигна 11, а Челзи Греј реализира десет поени.

Во кинеската селекција најдобар играч беше Хуеру Ли со 19 поени, Тангтонг Ву постигна 13, а Шиу Ванг постигна 11 поени.