Ниту Џордан, ниту Леброн: Јанис е единствениот кошаркар со овој НБА рекорд

Јанис

Грчкиот интернационалец Јанис Антетокумбо беше прво име во победата на Милвоки Бакс на гости кај Лос Анџелес Клиперс.

МВП кошаракрот од минатата сезона запиша 38 поени и 15 скока, учинок кој му донесе рекорд кој досега ниту еден играч пред него не го достигнал. 

Првата ѕвезда на Бакси стана првиот кошаркар кој остварил 200 поени, 100 скока и 50 асистенции во првите осум меча од една НБА сезона. Тоа пред него не му успеало ниту на големи имиња како Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Исто така, Јанис стана само шестиот играч со учинок од над 30 поени, 15 скока и пет асистенции на три натпревари во низа. Претходно тоа го направиле Вилт Чембрлејн, Карим Абдул-Џабар, Оскар Робертсон, Елџин Бејлор и Боб Петит.

Милвоки има скор од 6-2 и е на второто место на источната конференција, веднаш зад лидерот Бостон Селтикс.