Ништо од враќањето, Ловерњ му „удри корпа“ на Партизан

Францускиот кошаркар Жофри Ловерњ нема да се врати во редовите на белградски Партизан и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб, јавија повеќе европски медиуми. 

Деновиве се шпекулираше дека Ловерњ може да направи сензационален „кам-бек“ во белградскиот евролигаш, но овој трансфер нема да се реализира поради неговата желба да игра во Франција или во Шпанија

За неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови, а Партизан дефинитивно не е меѓу најсериозните кандидати. Во српскиот клуб Ловерњ настапуваше од 2012 до 2014 година, беше капитен на тимот и стана миленик на навивачите. 

Зад себе има импресивна кариера. Покрај за Партизан, настапуваше уште за Валенсија, Химки, Фенербахче, Асвел и Жалгирис, а во НБА лигата го носеше дресот на Денвер, Сан Антонио, Чикаго и Оклахома. 

Минатата сезона во дресот на Асвел бележеше евролигашки просек од 11,3 поени, 4,9 скока и 1,1 асистенција по натпревар. 

ФОТО/PHOTO: Joffrey Lauvergne/Twitter/X