Ништо од враќање во Европа, Покушевски со нов НБА договор

Иако заработи отказ од Оклахома Сити Тандер и најави враќање во Европа, српскиот кошаркар Алексеј Покушевски сепак ќе остане во НБА лигата и потпишува договор со Шарлот Хорнетс, каде ќе настапува заедно со сонародникот Василије Мициќ. 

Информацијата ја пренесе новинарот Андреј Војнаровски, кој напиша дека на центарот му била гарантирана поголема минутажа, а стручниот штаб верува во квалитетите на седумнаесеттиот пик на драфтот од 2020 година. 

Деновиве за Покушевски постоеше огромен интерес од неколку евролигаши, вклучително од Партизан и Црвена Звезда, но сепак Србинот ќе остане во најквалитетната лига на светот и можеби ќе добие нова шанса за презентација на својот талент. 

Се претпоставува дека договорот со Шарлот ќе биде со важност до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката.