Ништо од шпанско финале: Галата го исфрли Тенерифе, за трофејот во ЛШ против Уникаха

Кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА стигна до самиот крај, а денес беа одиграни полуфиналните средби на „фајнал-фор“ турнирот во Атина. 

Галатасарај ја спречи можноста за шпанско финале, откако го победи Тенерифе со 80-90 во првиот полуфинален меч. Турците важеа за аутсајдер против ривалот од Шпанија, меѓутоа успеаја да направат подвиг и ќе играат за трофејот. 

Во второто полуфинале Уникаха со доста мака го исфрли домаќинот АЕК со 65-71. Средбата понуди голема драма, се играше изедначено и егал, а во завршницата Шпанците имаа повеќе нерви. 

Финалето во Лигата на шампионите на ФИБА ќе се одигра в недела во 19:00 часот.

ФОТО/PHOTO: FIBA